Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Мучунски, денеска престојува во работна посета на Астана, Република Казахстан, со фокус на унапредување на економските и политичките односи помеѓу двете земји.
Во рамки на посетата, министерот Мучунски, заедно со директорот на Технолошко-индустриските зони, Гоце Димовски, и националниот координатор за туризам, Акан Махмуд, учествуваше на тркалезна маса организирана од Меѓународниот финансиски центар Астана. Покрај тоа, се сретна и со министерот за трговија и интеграција на Казахстан, Арман Шакалиев.

Во контекст на заложбите на Владата за привлекување странски инвестиции, на средбите беше презентирана стабилната инвестициска клима и конкурентните услови што ги нуди државата – особено во индустрискиот и технолошкиот сектор, како и можностите за соработка во областа на туризмот. Двете страни се согласија за потребата од натамошно зајакнување на економската соработка, при што беше иницирана и идејата за организирање бизнис-форум во Скопје како конкретен чекор во таа насока.
Слични новости
Двајца повредени македонски државјани во сообраќајна несреќа во Албанија
Двајца македонски државјани, кои со мотоцикл се движеле по автопатот „Патот на Арбр“ во Албанија, се здобиле со тешки телесни повреди откако со мотоциклот удриле во заштитен ѕид на коловозот.
Родителите на настраданите во Кочани побараа од обвинителството да им го објасни обвинителниот акт
Родителите на починатите во „Пулс“ истакнаа дека ја продолжуваат борбата за правда и дека имаат право да знаат кои лица се обвинети, а кои не се и кои се причините за тоа.
Почнува уписот во средните училишта, од денеска прво електронско пријавување
Од денеска до 17 јуни на полноќ е првото електронско пријавување во јунскиот рок за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта во државава за учебната 2025/2026 година.