Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на средба го прими вршителот на работите во амбасадата на Република Полска, Мариуш Бриморa.

На средбата беше нагласена силната и искрена врска помеѓу двете земји, заснована на долгогодишни пријателски односи. Министерот Муцунски ја подвлече важноста на поддршката од Полска во процесот на европските интеграции на Македонија, особено во контекст на актуелното полско претседателство со Советот на Европската унија.

 

Министерот Муцунски, во таа насока, изрази уверување дека Полското претседателство ќе го динамизира пристапниот процес на Северна Македонија, овозможувајќи побрз напредок во исполнувањето на критериумите за членство и интеграцијата во Европската унија.

Вршителот на работите Бримора, пак, нагласи дека проширувањето на Европската унија со земјите од Западен Балкан останува приоритет на Полското претседателство во следните шест месеци. Тој го поздрави реформскиот напредок на нашата земја, која сѐ поблиску се приближува до европското семејство, и потврди дека Полска силно и недвосмислено ќе продолжи да го поддржува нашиот европски пат.

Од двете страни беше повторена заедничката посветеност за зајакнување на билатералната соработка и регионалната стабилност, како и подготвеноста за континуирани напори во промоцијата на вредностите и принципите на Европската унија, со цел остварување на заедничкиот интерес за стабилна и просперитетна Европа.

globe

Слични новости

Муртезани: Од бугарска страна стигнуваат пораки за подготвеност за дијалог  

Муртезани: Од бугарска страна стигнуваат пораки за подготвеност за дијалог  

Мислам дека се создава добра средина, која што мора да ја искористиме не само да воспоставиме дијалог, кој мора да го има помеѓу соседните земји за да се градат добрососедските односи, туку и простор што ќе не води кон заедничко прифатливо решение, кое конечно ќе не внесе во ЕУ, истакна Муртезани

Уставниот суд ќе одлучува за Законот за данок за солидарност

Уставниот суд ќе одлучува за Законот за данок за солидарност

Уставниот суд денеска треба да донесе конечна одлука за предметот во кој е оспорен Законот за данок за солидарност. Постапката за оценување на уставноста на оспорениот закон беше поведена на 20 ноември минатата година