Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска на прес-конференција истакна дека активно се работи на процесот на репатријација на македонските пациенти повредени во пожарот во Кочани кои се лекуваат во странство.
„Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Министерството за здравство и СОЗР активно работат на реализација на процесот на репатријација на македонските пациенти кои успешно го завршуваат болничкото лекување во странство“, рече Муцунски
Додаде дека Министерството за здравство како надлежна институција изготвило детален медицински протокол со цел процесот да се спроведе навремено, безбедно и во најдобар интерес на пациентите и нивните семејства.

Посочи дека Протоколот преку нашите ДКП-а е доставен до здравствените установи во странство каде се згрижени пациентите и оти врз основа на проценките од медицинските тимови и официјалната потврда од МЗ се организира постапка и секој чекор во процесот на враќање, вклучително и препораката за организирање соодветен тип транспорт што го координира СОЗР.
Повтори дека вчера беше успешно реализирано враќањето на еден пациент од Србија, по што денеска се очекува пристигнување на уште еден пациент од Грција и четворица пациенти од Мадрид, додека во наредните денови се очекува враќање на уште неколку пациенти од Белгија, Австрија, Хрватска и Србија.
Во наредниот период, посочи, фокусот ќе биде насочен кон безбедно враќање на пациентите, како и успешно завршување на лекувањето на оние кои се уште се останати во странство.
На новинарско прашање дали се целосно покриени трошоците на пациентите и на семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство, имајќи ги предвид акциите за собирање средства на социјалните мрежи, тој рече дека и пациентите и нивните семејства нема да имаат никакви трошоци
„Како држава уште од почетокот рековме дека Владата преку СОЗР ќе ги покрие трошоците за патување и на семејствата на пациентите, трошоците за сместување на семејствата на пациентите, има модалитет за кој за еден мобилен уред ќе се обезбеди покривање на сите трошоци кои што настануваат и се покриваат сите дополнителни логистички трошоци кои можат да настанат, вклучително се обезбедува и храна во рамките на хотелите каде што тие се сместени и сето тоа го операционализира Службата за општи и заеднички работи“, рече Муцунски.
Додаде дека имаат целосна координација со семејствата на пациентите за доусогласување на ситни логистички работи.
„Што се однесува до покривањето на трошоците, дел од тој трошок е покриен преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, а дел од тој трошок e покриен врз основа на билатерални договори што постојат или одлуки донесени од страна на самите влади на земји кои ги примаат овие пациенти во делот на медицинските услуги. Семејствата на тие кои се лекуваат и тие што се лекуваат нема да имаат никаков трошок околу тој процес – и од медицинска гледна точка и од логистичка гледна точка. Исотвремено, ја лично ја поддржувам секоја иницијатива за донација од хумана гледна точка треба да размислиме…Наше како Влада е да поддржиме секој процес на хуманост, но истовремено јавноста да ја информираме дека во врска со медицинските и логистичките трошоци, државата стои позади овие пациенти и позади овие семејства“, нагласи Муцунски.
Слични новости
Партиите ја чекаат поканата на Филипче за да се кажат дали ќе учествуваат на средба
Парламентарните партии ќе ја чекаат официјалната покана од лидерот на СДСМ Венко Филипче па потоа ќе се изјаснат дали ќе учествуваат на средба, додека ДУИ условува со поддршка за формирање на Комисија со меѓународни набљудувачи за истрагата за пожарот во Кочани.
Денеска собир на иницијативата „кој е следен“ пред македонскиот парламент
Пред Собранието на Република Македонија денеска се одржува собир на граѓани во организација на иницијативата „Кој е следен“, насловен „Народно собрание“. Од Иницијативата „Кој е следен“ вчера преку соопштение се оградија од политичките партии.
Ноќеска почнува летното сметање на времето, часовниците во два часот по полноќ се поместуваат на три
Времето ќе се пресметува така што во два часот по полноќ, часовниците се посместуваат за еден час нанапред, така што во 02 часот, ќе биде 03 часот.