Министерите за надворешни работи на мислиманските земји денеска го отфрлија повикот на американскиот претседател Доналд Трамп Палестинците да се раселат од Појасот Газа и поддржаа план да се оформи административен комитет на Палестинците кој би управувал со територијата за да се овозможи реконструкција и ревитализација на Газа.

Министрите за надворешни работи се собраа во саудискиот град Џеда на специјална седница на Организацијата за исламска соработка посветен на ситуацијата во Газа во момент кога е во сила прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, а кој е доведен во прашање.

Од собирот е испратена поддршка на планот за обнова на Газа што ја предложи Египет, а кој го поддржаа арапските земји, вклучувајќи ги Саудиска Арабија и Јордан, со цел да му се спротивстават на повикот на Трамп.

Без експлицитно спомнување на Доналд Трамп министрите наведоа дека „ги отфрлија плановите кои имаат за цел раселување на палестинскиот народ поединечно или колективно како етничко чистење, тешко кршење на меѓународното право и злосторство против човечноста“.

Организацијата за исламска соработка ја сочинуваат 57 земји со главно муслиманско население.

 

Слични новости

Блогери: Русија искористила гасовод за да ги изненади украинските сили во Курск

Блогери: Русија искористила гасовод за да ги изненади украинските сили во Курск

Руските сили извеле напад во окупираниот руски градот Суџа во неделата, откако специјалните сили искористиле гасовод за да ги изненадат украинските единици како дел од големата офанзива за протерување на украинските војници од западниот руски регион Курск