Министерите за надворешни работи на мислиманските земји денеска го отфрлија повикот на американскиот претседател Доналд Трамп Палестинците да се раселат од Појасот Газа и поддржаа план да се оформи административен комитет на Палестинците кој би управувал со територијата за да се овозможи реконструкција и ревитализација на Газа.
Министрите за надворешни работи се собраа во саудискиот град Џеда на специјална седница на Организацијата за исламска соработка посветен на ситуацијата во Газа во момент кога е во сила прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, а кој е доведен во прашање.

Од собирот е испратена поддршка на планот за обнова на Газа што ја предложи Египет, а кој го поддржаа арапските земји, вклучувајќи ги Саудиска Арабија и Јордан, со цел да му се спротивстават на повикот на Трамп.
Без експлицитно спомнување на Доналд Трамп министрите наведоа дека „ги отфрлија плановите кои имаат за цел раселување на палестинскиот народ поединечно или колективно како етничко чистење, тешко кршење на меѓународното право и злосторство против човечноста“.
Организацијата за исламска соработка ја сочинуваат 57 земји со главно муслиманско население.
Слични новости
Романија: Централното изборно тело му забрани на крајниот десничар Џорџеску да се кандидира
Централното изборно тело на Романија во неделата му забрани на екстремно десничарскиот проруски кандидат Калин Георгеску да се кандидира на повторените претседателски избори во Романија во мај
Албанија: Се очекува дијаспората да има влијание на изборите на 11. мај
Во Албанија се очекува дијаспората да има големо влијание на резултатите на парламентарните избори на 11. мај, доколку правото на глас го остварат сите оние на кои им е прифатено барањето
Агенти на тајната служба застрелале вооружен маж близу Белата куќа
Припадници на американската Тајна служба застрелале вооружен маж во неделата кратко по полноќ по локално време по престрелка пред Белата куќа