Верниците од исламска вероисповед во земјава и ширум светот денеска го прославуваат Рамазан Бајрам, еден од петте клучни столбови на исламот.

Празникот на духовно и телесно прочистување доаѓа по завршувањето на едномесечниот строг пост, во кој верниците од зора до зајдисонце се воздржуваа од храна и пијалаци.

Традиционално, денот започна со утринскиот Бајрам-намаз во сите џамии низ државата, по што следуваат посетите на гробиштата и средбите со семејството и пријателите.

По повод големиот празник, поглаварот на Исламската верска заедница  Реисул Улема Шаќир Фетаи, упати честитка до верниците со желби за прифатени молитви, мир и хармонија. 

Слични новости