Верниците од исламска вероисповед во земјава и ширум светот денеска го прославуваат Рамазан Бајрам, еден од петте клучни столбови на исламот.
Празникот на духовно и телесно прочистување доаѓа по завршувањето на едномесечниот строг пост, во кој верниците од зора до зајдисонце се воздржуваа од храна и пијалаци.
Традиционално, денот започна со утринскиот Бајрам-намаз во сите џамии низ државата, по што следуваат посетите на гробиштата и средбите со семејството и пријателите.
По повод големиот празник, поглаварот на Исламската верска заедница Реисул Улема Шаќир Фетаи, упати честитка до верниците со желби за прифатени молитви, мир и хармонија.
Слични новости
Вработените во Македонски пошти на протест
Празните сметки на над илјада вработени ја запреа работата на Македонски пошти. Синдикатот што го организира протестот велат дека ова не е прво доцнење на платите, ниту, пак, ќе биде последно доколку во најкраток можен рок не им бидат исплатени заработените средства.
„Safe City“ доби зелено светло од Собранието – Изгласани измените на Законот за прекршоци
Собранието денеска ги изгласа измените на Законот за прекршоци, со кои се овозможува целосно воведување на системот „Safe City“. „За“ гласаше 81 пратеник, додека 19 гласаа „Против“.

