Претставникот на Бугарија во Работната група за проширување на ЕУ ми пренесе дека бугарската страна е подготвена за разговори и упатува позитивни пораки за воспоставување на дијалог, изјави за МИА министерот за европски прашања Орхан Муртезани, кој од вчера престојува во дводневна работна посета на Брисел.

„Мислам дека се создава добра средина, која што мора да ја искористиме не само да воспоставиме дијалог, кој мора да го има помеѓу соседните земји за да се градат добрососедските односи, туку и простор што ќе не води кон заедничко прифатливо решение, кое конечно ќе не внесе во ЕУ“, истакна Муртезани.

Вчера и денеска Муртезани имаше средби со претседателот на Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСЦ), Оливер Ропке, со генералниот директор на Генерален директорат за проширување и источно соседство (ДГ ЕНЕСТ), Герт Јан Копман, со извршниот директор за Европа во Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), Мати Масикас, како и со и хрватскиот европратеник Карло Реслер и со известителите на ЕП во сенка за земјава, Тајс Ројтен и Матеј Тонин.

На овие средби, според Муртезани, станало збор за динамиката на спроведување на реформите генерално, а особено оние коишто се дел од Реформската агенда во рамки на Планот на Европската комисија за раст на Западниот Балкан.

„ Ја искористив приликата да разговараме и за нашиот интегративен процес. Потполно сме свесни за пречките коишто стојат пред нас и коишто не превенираат од отворање на преговорите за да станеме полноправна членка на Европската Унија, како што потполно сме свесни за моментот којшто диктира дека брзо мора да најдеме решение за да го истрчаме овој последен дел од 20-годишниот маратон“, рече Муртезани.

Тој на средбите апелирал до сите претставници на ЕУ дека е потребен потег од Брисел за да ги почнеме преговорите, имајќи предвид дека нашиот случај се соочува со долгогодишни билатерални спорови.

„За да продолжиме успешно напред, мора од Брисел да има ехо коешто ќе не увери дека понатамошни ирационални билатерални прашања нема да ни го блокираат процесот на водење на преговорите, коишто за граѓаните се уште се најголемиот стратешки приоритет“, додаде Муртезани.

Во рамки на посетата, попладнево Муртезани ќе има средба со еврокомесарката за проширување Марта Кос, на која ќе се разговара за споредувањето на Реформската агенда, како и за Самитот на земјите од Западниот Балкан кој што треба да се одржи во Скопје во втората половина на март.

„Исто така, ќе разговараме и за сите потребни технички процедури коишто ги привршуваме за да бидеме и формално-правно спремни за отворање на преговорите, како и за сите начини како да се воспостави дијалог и како со помош на ЕУ да стигнеме до заедничко прифатливо решение“, додаде Муртезани.

Утре Муртезани од Брисел патува за Атина на средба со претставници со грчките власти, со кои ќе разговара за билатералните односи и за поддршката на Грција за нашиот европски пат. Муртезани е првиот член на новата Влада кој ќе ја посети Грција.

globe

Слични новости

Уставниот суд донесе одлука за поништување на Законот за солидарен данок

Уставниот суд донесе одлука за поништување на Законот за солидарен данок

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, на прес-конференција по денешната седница појасни дека компаниите сега ќе можат во рок од пет години, доколку сметаат дека им биле повредени правата, да бараат да им бидат вратени парите

Поранешниот директор на СОЗР осомничен за проневера на над пет милиони денари

Поранешниот директор на СОЗР осомничен за проневера на над пет милиони денари

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против Пеце Мирчевски, поранешен директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата , за примање поткуп, фалсификување службена исправа, проневера и несовесно работење во службата

Мицкоски: Националната развојна стратегија 2024-2044 е визионерски документ за трансформација на Македонија

Мицкоски: Националната развојна стратегија 2024-2044 е визионерски документ за трансформација на Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на донаторска конференција од амбасадорите и од претставниците на донаторската заедница побара партнерства и заеднички проекти за реализација на целите од Националната развојна стратегија 2024-2044