Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска истакна дека по локалните избори заедно со европските партнери се работи на воспоставување дијалог и враќање на довербата меѓу Скопје и Софија, со цел да се надмине спорот и да се одблокира евроинтегративниот процес на земјава.
Муртезани ова го посочи на денешната прес-конференција во Скопје со министерката за европски прашања на Шведска Јесика Розенкранц, одговарајќи на новинарско прашање дали евентуално се подготвува трет протокол со Бугарија за да се надминат разликите, што неодамна го спомена претседателката Гордана Сиљановска Давкова, како едно од креативните решенија.
– Тоа што се работи константно по локалните избори заедно со нашите европски партнери е воспоставување на дијалогот и враќање на довербата, бидејќи без дијалог и доверба не може да стане збор за надминување на проблемот. Во моментов се прават напори за воспоставување дијалог и градење доверба, а потоа ќе стане збор и за можните начини за надминување на проблемот, изјави Муртзани.
Идејата за нов протокол претседателката Сиљановска Давкова ја изнесе во гостувањето во ТВ 24 алудирајќи дека тоа би било креативно решение.
– Има протокол, тоа е записник обичен потпишан од двајца министри. Со записник вие менувате меѓународен Договор или му додавате. Отворете го Договорот за пријателство и добрососедство, еден збор нема таму за уставни измени. Тогаш нека бидат креативни, трет протокол нека усогласат во кој ќе кажат дека не може прашањата врзани за историјата, културата и идентитетот да бидат услов, посочи претседателката.
Одговарајќи на новинарско прашање во однос на недоамнешната изјава на американската амбасадорка Анџела Агелер во интервју за ТВ 21 дека е убедена оти се работи на прашањето со уставните измени и дали тоа е навистина така, Муртезани рече дека „секако дека на тоа се работи, бидејќи тоа е преземена обврска, но додаде дека во моментов не може да се говори за процесот на измени да Уставот, бидејќи сите наши грижи и дилеми не се соодветно адресирани“.
– Секако дека на уставните измени мора да се работи. Тоа е преземена обврска без која нема преговори и нема членство во ЕУ, меѓутоа како што нагласив во моментов не може ние да зборуваме за процесот на уставни измени кога сите тие наши грижи и дилеми не се соодветно адресирани, а за да бидат адресирани треба да се воспостави редовен дијалог, да се врати довербата меѓу двете соседни земји за да можеме на европски начин да градиме задничка европска иднина иднина, рече министерот за европски прашања.
Слични новости
На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути, магла на Попова Шапка и Пресека
На граничниот премин „Дојран”, утринава за излез од земјава се чека 30 минути, а на Табановце времето на чекање на излез од земјава е 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Авто мото сојузот на Македонија
Роднините на загинатите во „Пулс“: Дали судницата е за рецитирање или за вистината?
Родителите и блиските на загинатите во трагедијата во кочанската дискотека„Пулс“ денеска повторно излегоа на протестен марш во Кочани
Мицкоски: Не добив само реизбор, денес победи идејата за патот што го трасираме за Македонија
Не добив само реизбор како претседател на ВМРО-ДПМНЕ туку денеска победи идејата. Победи патот што го трасираме за Македонија. Честа е голема и обврската и долгот кон доделената задача уште поголема, истакна Христијан Мицкоски откако попладнево на партискиот конгрес што се одржува во Кавадарци беше реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ


