Жозе Мурињо се враќа во Реал Мадрид. Сите услови меѓу Мурињо и Реал Мадрид се усно договорени, останува уште потпишување на документите.

За почеток е планиран двегодишен договор, Мурињо ќе отпатува во Мадрид по натпреварот Реал – Атлетик Билбао. 

Мурињо ќе биде четвртиот тренер на првиот тим на Реал во само една година, по Карло Анчелоти, Чаби Алонсо и привременото решение Арбелоа.

Опции за клупата на „кралскиот клуб“ до неодамна беа и Маурисио Покетино и Дидие Дешамп, но Португалецот постојано беше во предност.

Слични новости