Жозе Мурињо се враќа во Реал Мадрид. Сите услови меѓу Мурињо и Реал Мадрид се усно договорени, останува уште потпишување на документите.
За почеток е планиран двегодишен договор, Мурињо ќе отпатува во Мадрид по натпреварот Реал – Атлетик Билбао.
Мурињо ќе биде четвртиот тренер на првиот тим на Реал во само една година, по Карло Анчелоти, Чаби Алонсо и привременото решение Арбелоа.
Опции за клупата на „кралскиот клуб“ до неодамна беа и Маурисио Покетино и Дидие Дешамп, но Португалецот постојано беше во предност.
Слични новости
Париз Сен Жермен сака да го купи голманот Свилар од Рома
Иако Свилар има договор со Рома до 2030, ПСЖ настојува да го доведе голманот по секоја цена откако нивниот голман Донарума замина за Манчестер Сити.
Оклахома подобра од Денвер во еден од најдобрите натпревари во НБА оваа сезона
Актуелниот МВП на НБА лигата ШГА го заврши натпреварот со 35 поени и 15 асистенции, со што го надмина рекордот на Вилт Чемберлен од 1961 од 126 натпревари во низа, на кои постигнал минимум 20 коша.
Барцелона одбила понуда од 250 милиони евра за Јамин Ламал
Претседателот на фудбалскиот клуб Барцелона Хуан Лапорта откри дека францускиот клуб Париз Сен Жермен испратил понуда за да го купи Јамин Ламал од дури 250 милиони евра, но каталонскиот клуб ја одбил понудата.


