Жозе Мурињо се враќа во Реал Мадрид. Сите услови меѓу Мурињо и Реал Мадрид се усно договорени, останува уште потпишување на документите.
За почеток е планиран двегодишен договор, Мурињо ќе отпатува во Мадрид по натпреварот Реал – Атлетик Билбао.
Мурињо ќе биде четвртиот тренер на првиот тим на Реал во само една година, по Карло Анчелоти, Чаби Алонсо и привременото решение Арбелоа.
Опции за клупата на „кралскиот клуб“ до неодамна беа и Маурисио Покетино и Дидие Дешамп, но Португалецот постојано беше во предност.
Слични новости
Тренерот на ПСЖ Луис Енрике жали што не го победи Ливерпул уште поубедливо
Фудбалерите на Париз Сен Жермен синоќа сосема го надиграа Ливерпул на „Паркот на принцовите“ и победија со 2:0 во првиот четвртфинален меч од Лигата на шампионите.
Оклахома ги декласираше Лејкерс и ги одведе на четвртата позиција на Западот
Со оваа победа Оклахома е сигурно прва со предност на домашен терен, а во полуфиналето на плеј офот би играла токму против Лејкерс, додека ги остава силните Денвер и Сан Антонио меѓусебно да се елиминираат во полуфиналето на Западот.
Спектакл во Мадрид и победа на Баерн Минхен од 2:1
Баерн Минхен го победи Реал Мадрид на гостувањето во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите во меч кој приреди атомски фудбал.


