Жозе Мурињо се враќа во Реал Мадрид. Сите услови меѓу Мурињо и Реал Мадрид се усно договорени, останува уште потпишување на документите.
За почеток е планиран двегодишен договор, Мурињо ќе отпатува во Мадрид по натпреварот Реал – Атлетик Билбао.
Мурињо ќе биде четвртиот тренер на првиот тим на Реал во само една година, по Карло Анчелоти, Чаби Алонсо и привременото решение Арбелоа.
Опции за клупата на „кралскиот клуб“ до неодамна беа и Маурисио Покетино и Дидие Дешамп, но Португалецот постојано беше во предност.
Слични новости
Дик Риверс си замина од клупата на Милвоки, откако тимот не се пласираше во Плеј офот
Искусниот американски тренер Док Риверс ја напушти клупата на Милвоки Бакс откако тимот за прв пат во изминатите 10 години не успеа да се пласира во плеј оф разигрувањето
Јувентус и официјално потпиша нов договор со Лучиано Спалети
Спалети го презеде Јувентус од Игор Тудор за време на оваа сезона, го стабилизираше тимот и управата на Јувентус смета дека тој е човекот кој ќе го врати Јувентус во врвот на италијанскиот фудбал.
Атлетико Мадрид вчера за прв пат ја победи Барцелона на Камп Ноу под водство на Диего Симеоне
Фудбалерите на Атлетико од Мадрид синоќа направија голем чекор кон пласманот во полуфиналето на Лигата на шампионите, откако како гости ја совладаа Барцелона со 2:0.


