Парите од вториот пензиски столб не се оплодуваат доволно, но решението не е во укинување на вториот столб, туку во негова реконструкција. Пензиските друштва го гледаат решението во законски измени кои ќе овозможат похрабро, но и поризично инвестирање на пензиските заштеди, кои ќе носат и повисоки приноси.
Се работи на закон за мултифондови, кој ќе овозможи парите на помладите вработени да се инвестираат поризично, но со повисоки очекувани приноси. Велат досегашните резултати се солидни во рамки на сегашните решенија, парите се оплодуваат со стапка од околу 5,5 отсто годишно.
Пензискиот систем во земјава го сочинуваат три столба, два задолжителни и еден доброволен. Вториот пензиски фонд се воведе во 2006 година, а целта беше дел од парите на вработените кои се задржуваат за пензиско осигурување да се инвестираат и оплодуваат со тек на време.
Слични новости
Дождот престанува, но доаѓаат минусни температури
До крајот на денот врнежите од дожд низ Македонија ќе престанат, прогнозираат метеоролозите. Од утре времето ќе биде стабилно и суво со променлива облачност.
Марта Кос денеска ќе го престави пакетот за проширување на ЕУ
Европската комесарка за проширување, Марта Кос, денеска во Европскиот парламент ќе го претстави Пакетот за проширување на Европската унија за 2026 година.
Бугарија враќа 19 тони македонски јаболка
Бугарската агенција за безбедност на храната забранила увоз на пратка од 19.350 килограми јаболка од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестициди над максимално дозволените законски граници.


