Компаниите „Сони“ и „Ворнер“ поднесоа тужба против американската компанија „Антропик“ и ја обвини за како што се вели во тужбата „најголемата и најочигледната кражба на интелектуална сопственост во историјата“.

Случајот би можел да прерасне во повеќегодишен спор за музиката, вештачката интелигенција и заштитата на авторските права во ерата на нови технологии. Тужбата е поднесена во сојузен суд во Калифорнија.

Во тужбата се наведува дека „Антропик“ незаконски вршел обука на своите модели на десетици илјади авторски заштитени музички дела на издавачите, што е поширок случај од другите тужби кои досега беа поднесени, а се однесуваа на многу помалку дела.

Антропик во септември 2025 откако беше тужен, се согласи на вонсудска надокнада од 1,5 милијарди долари со авторите и издавачите, што тогаш претставуваше најголем договор поради кршење на авторските права во САД.

Слични новости

Истражувачите тврдат дека ја пронајдоа „Ноевата арка“

Истражувачите тврдат дека ја пронајдоа „Ноевата арка“

Истражувачите на организацијата „ Noah’s Ark Scans“ кои со години ја испитуваат формацијата Дурупинар на истокот од Турција, тврдат дека новите радарски истражувања дополнително ја засилиле тезата дека под земјата се наоѓаат остатоци од структурата која се поврзува со библиската „Ноева арка“.