Италијанецот Марко Безеки на Априлија ја освои Големата награда на Валенсија, последната трка во сезоната во класата МотоГП во светското првенство во мотоциклизам, а шампионската титула ја обезбеди Шпанецот Марк Маркез на Дукати во септември.

Безеки водеше од почетокот до крајот на патеката Рикардо Тормо, освојувајќи ја својата втора последователна победа, а трета оваа сезона по прославите во Португалија и Велика Британија.

Шпанецот Раул Фернандез (Трекхаус Априкија) го освои второто место, додека Италијанецот Фабио Ди Џанантонио (ВР46 Дукати) беше трет.

Двократниот светски шампион Франческо Бањаја (Дукати) се откажа во првиот круг откако Јохан Зарко го турна од патеката, што резултираше со казна за Французинот. Ова беше петто последователно откажување на Италијанецот. Светскиот шампион од 2021 година, Французинот Фабио Куартараро (Јамаха), исто така, се откажа откако доживеа пад четири круга пред крајот.

Последната трка од сезоната не го одреди врвот на табелата. Титулата светски шампион ја обезбеди многу однапред Марк Маркез, кој го пропушти последниот дел од сезоната поради повреда. Второто место пред последната акција му припадна на неговиот помлад брат Алекс Маркез (Гресини Дукати), а третото место во генералниот пласман на Светското првенство го обезбеди Безеки по саботниот спринт.

Марк Маркез ја заврши сезоната со 545 поени, 78 повеќе од неговиот брат Алекс, додека Безеки е трет со 353 поени.

globe

Слични новости

Интер Мајами првпат ја освои МЛС

Интер Мајами првпат ја освои МЛС

Фудбалерите на Интер Мајами, предводени од легендарниот Аргентинец, 38-годишниот Лионел Меси, ја освоија шампионската титула во МЛС првпат во својата историја откако како домаќини ги победија Ванкувер Вајткепс со 3:1 во финалето

Атлетик победи во дербито против Атлетико

Атлетик победи во дербито против Атлетико

Во дерби натпреварот од 15-то коло на шпанската Ла Лига, фудбалерите на Атлетик Билбао на својот стадион „Сан Мамес“ во саботата вечерта го победија Атлетико Мадрид со минимални 1:0

Бразил доби тешка група, оцени Анчелоти

Бразил доби тешка група, оцени Анчелоти

Бразил е извлечен во „тешка група“ на Светското првенство во 2026 година, со Мароко, Шкотска и Хаити како негови противници, изјави селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, по жрепката во Вашингтон