Шпанската мотоциклистичка ѕвезда Марк Маркез од тимот на Дукати е победник на првата трка од сезоната на Светскиот шампионат во МотоГП во Бурирам, Тајланд.
Второто место на Големата награда на Тајланд го освои неговиот брат Алекс Маркез од екипата Гресини Дукати, а третото место Италијанецот Франческо Багнаја од Дукати).

Осумкратниот светски шампион во сите класи, Маркез, веќе победи на саботната спринтерска трка и исто така беше најдобар во квалификациите. Совршениот викенд го заокружи со убедлива победа на класична трка, докажувајќи со исклучителен тркачки викенд на почетокот на сезоната дека ќе биде многу тешко да се победи во сезоната 2025, пред која од полуфабричкиот тим на Дукати се пресели во фабричкиот тим. Во Бурирам ја прослави 63-та победа во премиер класата, а вкупно 89-та во кариерата.
„Вчера бев среќен, денеска сум пресреќен. Мојот сон е да започнам нова приказна со Дукати на овој начин, и токму тука во Тајланд, каде последен пат ја прославив титулата светски првак. Ќе бидам на подиумот со мојот брат, тоа е извонредно”, накратко изјави Марк Маркез по трката, избегнувајќи да одговори зошто му дозволил на својот брат да претекне во круг.
Светскиот шампион, Шпанецот Хорхе Мартин, кој пред почетокот на сезоната се пресели во Априлија, падна два пати за време на претсезонските подготовки и мораше да ја пропушти првата од 22-те Гран-при трки во сезоната.
Севкупно, Марк Маркез има 37 поени, а го следи Алекс Маркез со 29 и светскиот шампион од 2022 и Багнаја од 2023 година со 23 поени.
Шпанецот Мануел Гонзалес ја прослави втората победа во кариерата во класата Мото2. Во Бурирам убедливо го победи сонародникот Арон Канет на второто и Австралијанецот Сена Агиус на третото место.
Во најслабата Мото3 класа најдобар беше Шпанецот Хуан Антонио Руеда, исто така за втора победа во кариерата. Тој беше добри седум секунди пред сонародниците Алваро Карпе и Адријан Фернандез.
Следната трка се вози за 14 дена во Аргентина.

Слични новости
Арсенал се откажа од борбата за титулата
Тренерот на Арсенал Микел Артета кој на вчерашниот напревар со Манчестер Јунајтед по 200 пат водеше екипа во Премиер лигата, нема големи причини за прослава на јубилејот, откако стана јасно дека Арсенал уште една сезона нема да може да стигне до титулата.
Клиперси го победија Сакраменто по продолженија 111:110
Кошаркарите на ЛА Клиперс утринава на свој терен по продолженија го победија Сакраменто со резултат 111:110. Најефикасни во екипата на Клиперс беа Џејмс Хардen со 29 коша и 11 асистенции, а Ивица Зубац постигна 22 коша и 14 скокови.
Најтежок домашен пораз на Јуве по шест децении
Аталанта му го нанесе најтешкиот пораз на Јувентус на домашен терен во последните 60 години. Во дербито од 28. коло на италијанското фудбалско првенство, Аталанта го понижи Јувентус со 4:0 во Торино, остварувајќи ја првата победа на последните девет меѓусебни средби