Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков нагласи дека Москва нема да присуствува на разговорите меѓу специјалниот пратеник на САД Стив Виткоф, украинскиот претседател Володимир Зеленски и турските официјални претставници кои се најавени за утре во Истанбул.

Песков додаде дека Русија сеуште не добила никакви информации од Украина во врска со продолжувањето на дијалогот, но порача дека Москва е отворена за решение. Песков појасни и дека рускиот претседател Путин во моментов нема планови да ги контактира Виткоф или турските претставници во преговорите.

Песков исто така ја критикуваше Франција и тврди дека Париз подгрве а воено расположение и не придонесува кон мирот. „Франција продоллжува да го вооружува режимот во Киев и во моментов поттикнува на војна и на провоени расположенија“ нагласи Песков.

Слични новости

Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф

Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата изјави дека имал долг и „содржаен“ телефонски разговор со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, како и со зетот на Трамп, Џаред Кушнер