Вториот дел на филмот „Мортал комбат“, адаптација на популарната видео игра на студијата Њу Лајн и Ворнер Брос, се очекува викендов да се бори за првото место на Бокс офисот заедно со „Ѓаволот носи Прада 2“ и „Мајкл“.

Студиото Ворнер очекува филмот да отвори со заработка од над 35 милиони долари на американскиот пазар и меѓу 65 и 80 милиони долари глобално, но истражуваките компании очекуваат филмот само во САД да заработи околу 45 милиони долари.

Во 2021 првиот „Мортал комбат“ беше хит на стриминг сервисите, а се појави едновремено во кино салите и на ХБО Макс, поради тогашната пандемија со Корона вирусот и слабите резултати на Бокс офисот. Првиот дел од „Мортал комбат“ заработи 84 милиони долари глобално, а бројките од стриминг сервисите не беа објавени.

 

Слични новости