Англискиот фудбалер Морган Роџерс, премина од Астон Вила во Челси, соопшти лондонскиот клуб.

Како што пренесуа Би Би Си, трансферот изнесува 117 милиони фунти, со што Роџерс стана најскапиот англиски фудбалер и најголемата инвестиција во историјата на Челси.

Роцерс потпиша договор со Челси до 2033 -тата година. Роцерс минатата сезона во дресот на Астон Вила одигра 55 натпревари и забележа 14 голови и 12 асистенции, а играше и за репрезентацијата на Англија на неодамна завршеното Светско првенство во фудбал.

Слични новости

Кристијан Ромеро премина од Тотенхем во Атлетико Мадрид

Кристијан Ромеро премина од Тотенхем во Атлетико Мадрид

Иако за неговите услуги беа заинтересирани и Арсенал и Барцелона, Ромеро на крај го избра Атлетико Мадрид, а клучната улога во преговорите ја имаше тренерот на Атлетико, сонародникот на Ромеро Аргентинецот Диего Симеоне.