Англискиот фудбалер Морган Роџерс, премина од Астон Вила во Челси, соопшти лондонскиот клуб.
Како што пренесуа Би Би Си, трансферот изнесува 117 милиони фунти, со што Роџерс стана најскапиот англиски фудбалер и најголемата инвестиција во историјата на Челси.
Роцерс потпиша договор со Челси до 2033 -тата година. Роцерс минатата сезона во дресот на Астон Вила одигра 55 натпревари и забележа 14 голови и 12 асистенции, а играше и за репрезентацијата на Англија на неодамна завршеното Светско првенство во фудбал.
Слични новости
Тотенхем плати 327 милиони евра за засилувања, а нема тим и убедливо поразен на стартот од новата сезона
Ниту Сандро Тонали платен 108 милиони евра, ниту Фернандеш за кој Тотенхем издвои 98 милиони евра не му помогнаа на Тотенхем синоќа против Брентфорд кој убедливо славеше со 3:0 на стартот од премиер лигата.
Денвер го потпиша ветеранот Демар Дерозан
Денвер Нагетс го потпишаа 37 годишниот ветеран Демар Дерозан кој досега играше за тимот на Сакраменто. Дерoзан е шесткратен Ол стар играч, а потпиша ветерански договор од 3,9 милиони долари за една година.
Манчестер јунајтед го доведе Карлос Балеба од Брајтон за 70 милиони фунти на крајот од преодниот рок
Карлос Балеба и официјално е ново засилување на Манчестер Јунајтед, откако тимот од Манчестер се согласи да му плати на Брајтон обештетување од 70 милиони фунти за играчот за врска од Камерун.
