Министерката за образование и наука Весна Јаневска, денеска е во посета на Испра, Италија, каде што се наоѓа еден од седумте институти на Здружениот истражувачки центар на Европската комисија, каде што се сретнала со Сабине Хенцлер, директорка за стратегии и влијанија на Центарот.
Како што соопшти МОН, Министерството за образование и наука и Здружениот истражувачки центар на ЕК наскоро ќе потпишат договор за соработка, со кој, државава ќе добие дополнителна поддршка за имплементација на Стратегијата за паметна специјализација во форма на експертиза и размена на позитивни практики, методологии и научни пристапи за јакнење на националниот систем за истражување и иновации.

„Оваа соработка за Македонија како земја во развој е исклучително важна. Благодарни сме што учествувавте во креирањето на Стратегијата за паметна специјализација на Македонија и што продолжувате да ни помагате во процесот на имплементација. Секако дека имаме потреба од поддршка за дизајнирање на нови инструменти за нејзино спроведување, мониторинг и евалуација и сметаме дека со вашата стручност значително ќе ги зајакнеме капацитетите на националната истражувачка и иновативна инфраструктура“, истакнала Јаневска на средбата.
Иницијативата за продлабочување на соработката, како што додаваат од МОН, произлезгла од средбата на Јаневска и раководството на Центарот за време на Министерската конференција за образование и наука на земјите од Западен Балкан што се одржа во октомври минатата година во Скопје.
По потпишувањето на договорот се очекува зголемена мобилност на македонски истражувачи кон научните установи на Здружениот истражувачки центар, како и прием на докторанти и постдокторанти, организирање на билатерални посети, заеднички обуки, конференции и други информативни настани поврзани со паметната специјализација, стои во соопштението.
Здружениот истражувачки центар (Joint Research Centre) е референтен центар за наука и технологија на ЕУ, кој обезбедува независна научна и техничка поддршка за креирање и спроведување на политиките на Унијата. Центарот е вклучен и во процесот на нејзино проширување, преку соработка со земјите апликанти обезбедувајќи им техничка поддршка за ефикасно имплементирање на европските закони во областа на науката и технологијата. Центарот има седум институти во пет земји на ЕУ (Белгија, Германија, Италија, Холандија и Шпанија) кои покриваат широк спектар на теми, вклучувајќи: Одржлив развој и климатски промени; Иновации и технологија; Енергетика и транспорт; Здравство и безбедност на храна; Дигитална трансформација.
Слични новости
Симулација на вонредна состојба за проверка на капацитетите на МВР и ТАВ Македонија
Симулациска вежба на заложничка криза се одржа денеска на Меѓународниот Аеродром Скопје на Припадници на специјалните сили на Министерството за внатрешни работи во соработка со аеродромските безбедносни служби на ТАВ Македонија, која има за цел тестирање на капацитетите на институциите на национално ниво како и економскиот оператор ТАВ за справување со вакви ситауции и оценка на ефикасноста на плановите за итни ситуации и вонредни состојби на аеродромот, протоколите за комуникација и координацијата меѓу повеќето учесници.
Расте бројката разводи, во пад на склучените бракови
Браковите сѐ почесто завршуваат со развод, а истовремено опаѓа и бројот на новосклучени бракови и раѓања, покажуваат најновите податоци на Државниот...
Јанев: Размислуваме за повеќе мерки за безбедноста во сообраќајот, во владина процедура дел од законските измени за „Безбеден град“
Директорот на Бирото за јавна бебзедност Александар Јанев вели дека се размислува за комбинација на повеќе мерки за подигнување на безбедноста во сообраќајот и оти се преземаат активности за да може да се пушти во функција системот „Безбеден град“