Во првиот натпревар од 12-то коло од Евролигата, кошаркарите на Монако го победија Асвел Вилербан со 84:52 на гостински терен, впишувајќи ја својата седма победа, додека Асвел го доживеа деветтиот пораз.

По изедначена прва четвртина, Монако убедливо ги доби преостанатите три делници за конечна разлика од +32.

Дури 11 од 12-те играчи на Монако се впишаа меѓу стрелците. Никола Миротиќ и Мајк Џејмс беа најефикасни со по 12 поени, додека Ели Окобо додаде 11 поени. Кај Асвел, Глин Вотсон, Томас Ертел и Закари Селјас беа најефикасни со по седум поени.

Монако моментално е седми со седум победи и пет порази, додека Асвел е последен со резултат од 3-9.

На врвот се Хапоел Тел Авив и Црвена ѕвезда со по 8-3.

Во четврток ќе се сретнат Анадолу Ефес – Барселона, Панатинаикос – Дубаи, Армани Милано – Хапоел Тел Авив, и Реал Мадрид – Жалгирис, додека во петок ќе играат Олимпијакос – Париз, Басконија – Баерн Минхен, Партизан – Фенербахче, Виртус Болоња – Макаби Тел Авив и Вална.

globe

Слични новости