Унгарската МОЛ група соопшти дека ги потпиша главните одредби од обврзувачката рамковна спогодба со компанијата Гаспромњефт за купување на удел од 56,15 насто во српската компанија НИС ( Нафтена индустрија на Србија.)

Двете страни планираат да го потпишат договорот до 31 март, се наведува во соопштението и се наведува дека за заклучување на спогодбата се потребни и согласности од државните ргани на Србија.

Како што се наведува, МОЛ група е во преговори и со националната нафтена компанија на Обединетите Арапаски Емирати за нејзин влез во сопственичката структура на НИС како малцински акционер.

Слични новости

Нов штрајк во „Луфтханза“

Нов штрајк во „Луфтханза“

Дводневен штрајк што предизвика сериозни нарушувања во воздушниот сообраќај започнаа пилотите на германската авиокомпанија „Луфтханза“.