МОЛ групата од Унгарија влезе во ново стратегиско партнерство со либиската национална нафтена корпорација НОЦ. Меморандумот за разбирање го потпишаа претседателите на двете компании Золт Хернади и Масуд Сулејман, соопшти МОЛ:

Меморандумот поставува темели за соработка во истражувањето на водородот, технолошките иновации и трговијата со сирова нафта, а Спогодбата за стратегиско партнерство ја утврдува рамката за размена на информации меѓу МОЛ и НОЦ.

Од особено значење ќе биде можноста за развој на нафтените полиња во Либија и снабдувањето со сирова нафта.

Слични новости

САД привремено дозволија да се купува руска нафта

САД привремено дозволија да се купува руска нафта

Соединетите Американски Држави привремено им дозволија на земјите да купуваат руска нафта што веќе е натоварена на бродови на море, со цел да се ублажи економскиот удар од војната меѓу САД, Израел и Иран.