Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека досега немаат остварено комуникација со новата Влада на Бугарија и очекува шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски да одржи средба со бугарскиот колега Георг Георгиев на маргините на Минхенската безбедносна конференција, која треба да започне на 14 февруари.
„Не, немаме остварено контакти со новата бугарска Влада. Очекувам сега на маргините на безбедносната конференција во Минхен министерот за надворешни работи да оствари средба со неговиот колега од бугарската влада, но се уште нема потврда за такво нешто. Доколку се случи, се разбира, јавноста ќе биде информирана“, рече Мицкоски на новинарско прашање дали оствариле контакти со новата бугарска влада и дали можеби ќе иницира средба со бугарскиот премиер Росен Желјазков.
Премиерот Мицкоски минатата недела истакна дека очекува во наредниот период да се одржат средби со претставници на бугарската Влада за одблокирање на евроинтегративниот пат на државава.

„Што се однесува до средби, ние и веќе имавме средби во минатото со највисокото бугарско раководство со тогашниот нивен технички премиер. Очекувам во периодот што следи на различно ниво да има средби со бугарската Влада и тоа не е нешто што треба да не изненади. Нити ние ќе исчезнеме, нити тие ќе исчезнат, ние повторно ќе си бидеме соседи“, изјави Мицкоски минатата недела за евентуални средби со новото бугарско раководство, откако претходно министерот за европски прашања Орхан Муртезани од Брисел изјави дека бугарската страна е подготвена за разговори.
Во обид да се деблокира европскиот пат на земјата и таа да ги започне преговорите по првиот кластер „Основни вредности“, владата предложи решение за уставни измени со одложено дејство, кој неофицијално го доби називот „француски предлог плус“. Предлогот превидува сега да бидат усвоени уставните измени, со кои во Уставот како еден од народите што живеат во земјава би се вметнале и Бугарите, но тие да стапат во сила откако Бугарија ќе го ратификува договорот за членство на државава во Европската Унија по завршување на целиот процес на пристапни преговори.
Бриселскиот портал Еuroactiv, пак, во понеделникот пренесе објава од новата бугарска влада дека таа одбива да преговара со Македонија за олабавување на условите под кои Скопје може да ги започне преговорите за членство во ЕУ.
Бриселскиот портал ја пренесе и изјавата на премиерот Мицкоски дека се чека на избор на редовна влада во Софија за да почнат преговори за укинување на бугарското вето, но посочува и дека првите сигнали од бугарска страна се дека нема да има обнова на дијалогот.
„Бугарија потсетува дека вклучувањето на бугарското малцинство во Уставот на Северна Македонија не е билатерален проблем, туку е услов на Брисел кон Скопје“, се наведува во текстот на Euroactiv.
Слични новости
Владата на седница ќе ја потврди Одлуката за покривање на трошоците на двајца членови од семејствата на пациентите кои ќе се транспортираат во странство
За час и половина Владата ќе одржи седница на која ќе биде потврдена Одлуката за покривање на трошоците на двајца членови од семејствата на пациентите кои ќе бидат згрижени во болници надвор од државава, ифнормира денеска премиерот Христијан Мицкоски по посетата на ГОБ „8 Септември“
Осумте пациенти кои од Македонија вчера пристигнаа во Србија се во критична состојба
Oсумте пациенти кои вчера пристигнаа во Србија имаат изгореници на респираторниот тракт и се во животна опасност, а троцја од нив се интубирани“, изјави денеска Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија при Клиничкиот центар на Србија.
89 од повредените во трагедијата во Кочани се лекуваат во Македонија, а 76 се транспортирани во странство
Состојбата на повредените во дискотеката засега е релативно стабилна, но сеуште е рано да се даваат прогнози, затоа што кај повреди со изгореници можни се натамошни компликации со инфекции.