Иако резултатите на неодамнешната анкета објавена во Гренладн покажуваат дека 85 насто од населението на ова острово врз кое суверенитет го има Данска, не сакаат да се приклучат кон САД, Данска се плаши дека тоа би можело да се смени кога Вашингтон ќе го засили притисокот. А Вашингтон е заинтересиран за Гренланд и стратегиски за безбедноста на САД и економски, затоа што островото е богато со суровини и ретки метали.

Европа досега беше само загрижена за руската закана врз Европа, но сега Европјаните се вџашени, затоа што таква закана доаѓа од нивниот најголем сојузник САД. Поголемиот дел од западните лидери за најавите на Доналд Трамп дека сака да го заземе Гренланд говореа дека станува збор за неодмерена изјава во текот на предизборната кампања, но се чини дека Доналд Трамп не се шегува кога вели дека сака да го анектира Гренланд кон САД.

Американскиот државен секретар Марк Рубио изјави дека интересирањето на Трамп за Гренланд да стане дел од САД не е шега, додавајќи дека припојувањето на Гренланд кон САД е интерес на САД и дека ова прашање треба да се реши.

„Не станува збор само за да стекнеме територија. Ова е во нашиот национален интерес“ изјави Рубио.

Европејците знаат што значат заканите дека ќе се заземе територија на некоја земја. Русија во повеќе наврати им се закануваше на источноевропски земји, ја нападна Грузија во 2008, а пред три години изврши инвазија врз Украина

Но, како што оценува британскиот весник „Гардијан„ Европјаните се сега вџашени, затоа што такви закани доаѓаат од нивниот најголем сојузник САД. И додека на руските закани Европа реагираше остро и сложно, сега реакцијата на Европа на заканите на Трамп е слаба и задушена.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта молчат, иако заканата е по Данска, земја членка на ЕУ. На почетокот германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон се спротивставуваа на изјавите на Трамп, но сега и тие молчат.

Иако резултатите на неодамнешната анкета објавена во Гренладн покажуваат дека 85 насто од населението на ова острово врз кое суверенитет го има Данска, не сакаат да се приклучат кон САД, Данска се плаши дека тоа би можело да се смени кога Вашингтон ќе го засили притисокот. А Вашингтон е заинтересиран за Гренланд и стратегиски за безбедноста на САД и економски, затоа што островото е богато со суровини и ретки метали.

Молкот на Европа за Гренланд може да се толкува како тактика да не се предизвикува голема бура и да не се предизвикуваат трансатлантски ескалции, додека политичарите се обидуваат тивко да ја ублажат заканата. Премиерот на Данска Фредериксен деновиве имаше состаноци со лидерите на Норвешка, Финска, Германија, Франција , како и со генералниот секретар на НАТО Марк Руте.

Една од главните грижи на Европа е да ја убедат новата администрација на Трамп да го продолжи ангажманот за поддршка на Украина во војната со Русија. Тие се надеваат дека оваа епизода ќе помине и дека неговото внимание ќе се насочи на друго место.

Европската безбедност е сериозна загрозена. Крајот на војната во Украина не се наѕира, а сега доаѓаат закани по суверенитетот на европските земји и од најблиските сојузници.

Слични новости

Дип Сик АИ апликацијата што го стресе светот

Дип Сик АИ апликацијата што го стресе светот

По неговото лансирање ДипСик предизвика масовно купување на технолошки акции. Акциите на Нвидиа паднаа за 17 насто во само еден ден на американската берза што беше загуба од 600 милијарди долари на пазарната вредност. Според Блумберг, тоа е најголемиот пад во историјата на американската берза.