Британскиот луксузен моден бренд „Барбери“ денеска ги објави резултатите за првото полугодие. „Барбери“ оствари 19 милиони фунти оперативна добивка, во споредба со загубата од 41 милион фунти истиот период лани. Бруто маржата порасна за 67,9 насто, а оперативната маржа е подобрена за 1,9 насто.
Од почетокот на годината вредноста на акциите на овој моден бренд порасна за 28 насто, што и овозможи на компанијата враќање во индексот ФТСЕ 100, пренесува Блумберг.
Во азиско-пацифичкиот регион што ја опфаќа Кина продажбата порасна за 3 проценти во последните три месеци, додека во претходниот квартал беше пониска за 5 насто.
Слични новости
Претседателот Доналд Трамп ќе биде во улога на шоумен и домаќин на церемонијата на доделување на почесните награди во Кенеди центарот
Сум ги гледал досегашните водители. Ако не можам да го надминам Џими Кимел во талентот, тогаш и не заслужувам да бидам претседател, изјави Трамп.
Зоотопиа 2 се приближува до заработка од една милијарда долари
Анимацискиот феномен на студиото Волт Дизни „Зоотопиа 2“ надвор од САД стана најсупешниот филм оваа година со заработка од дури 695,3 милиони долари за две недели прикажување.
Хоророт „Петте ноќи кај Фреди“ прв на американскиот Бокс Офис
Секвелот на Блумхаус хорор филмот „Петте ноќи кај Фреди“ викендов заработи 63 милиони долари на кино благајните во САД, што е најдобро отварање на филм во викенд по празничниот продолжен викенд за Денот на благодарноста.


