Поранешната висока претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини поднесе оставка на позицијата ректор на Колеџот на Европа, откако беше уапсена во Белгија под сомнение за измама и корупција, пренесе Ројтерс.

Могерини во меилот што го испратила до студентите и алумнистите на оваа институција наведува дека се повлекува од Колеџот, иако нејзиниот адвокат тврди дека таа нема никаква вина и целосно соработува со истражните органи.

Белгиската полиција ја уапси Могерини на 2 декември, како и Стефан Санино, поранешниот генерален секретар на Европската служба за надворешни работи во рамки на поширока истрага која се однесува на финансиски  неправилности.

Истражната постапка е во тек, а европските институции сеуште не дадоа официјален коментар за тежината на наводите и можните последици за структурите на ЕУ.

Слични новости

САД престанаа да ја означуваат Русија како „диркента закана“, Кремљ е задоволен

САД престанаа да ја означуваат Русија како „диркента закана“, Кремљ е задоволен

Кремљ го поздрави потегот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја ревидира својата стратегија за национална безбедност и да престане да ја нарекува Русија „директна закана“, изјави во неделата портпаролот Дмитриј Песков