Поранешната висока претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини поднесе оставка на позицијата ректор на Колеџот на Европа, откако беше уапсена во Белгија под сомнение за измама и корупција, пренесе Ројтерс.
Могерини во меилот што го испратила до студентите и алумнистите на оваа институција наведува дека се повлекува од Колеџот, иако нејзиниот адвокат тврди дека таа нема никаква вина и целосно соработува со истражните органи.
Белгиската полиција ја уапси Могерини на 2 декември, како и Стефан Санино, поранешниот генерален секретар на Европската служба за надворешни работи во рамки на поширока истрага која се однесува на финансиски неправилности.
Истражната постапка е во тек, а европските институции сеуште не дадоа официјален коментар за тежината на наводите и можните последици за структурите на ЕУ.
Слични новости
Кинески авиони насочиле воен радар кон јапонски авиони
Јапонија во неделата соопшти дека кинеските борбени авиони насочиле радар за контрола на оган кон јапонски воени авиони во два „опасни“ инциденти во близина на островската група Окинава во Јапонија, тврдење што Пекинг го негираше
САД престанаа да ја означуваат Русија како „диркента закана“, Кремљ е задоволен
Кремљ го поздрави потегот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја ревидира својата стратегија за национална безбедност и да престане да ја нарекува Русија „директна закана“, изјави во неделата портпаролот Дмитриј Песков
Најмалку 23 мртви во пожар во ноќен клуб во Гоа
Најмалку 23 лица, меѓу кои и неколку странски туристи, загинаа во пожар во популарниот ноќен клуб Арпори во индиската држава Гоа


