Фанстистичниот анимиран мјузикл Моана 2 на Дизни ги урна сите рекорди на Бокс офисот и во премиерниот продолжен празничен викенд заработи неверојатни 221 милиони долари на кино благјаните во САД, 165 милиони долари на другите пазари, за тотална заработка од рекордни 383 милиони долари во премиерниот викенд на прикажување.
Благодарение на огромниот успех на „Моана 2“, како и на и „Гладијатор 2“ и „Викед“ на второто и третото место на Бокс офисот кои создадоа ефект кој не е виден од „Барбенхајмер.
Оваа недела Бокс офисот во Америка инкасира 425 милиони долари, што е незапаметен успех и најдобро достигнување по ковид пандемијата. Претходниот рекорд беше 316 милиони долари во 2018.
„Викед“ оваа недела заработи 117,5 милиони долари само во САД и глобално за две недели прикажување стигна до заработка од 359 милиони долари. „Гладијатор 2„ за две недели прикажување стигна до бројката од 111,2 милиони долари во САД, но и импресивни 320 милиони долари глобално.
Четврти на Бокс офисот е „Црвениот“ божикен филм за Дедо Мраз кој исто така остварува солидни бројки и стигна до 148 милиони долари заработка за три недели прикажување, но е во длабока сенка на првите три мега хитови.
Слични новости
Денеска премиера на големите филмски хитови Муфаса: Кралот Лав и Соник 3
Од денеска официјално започнуваат божиќните празници за американскиот Бокс офис. Од 20 декември Pарамаунт ја пушти премиерата на „Sonic the hedgehog 3“, а Дизни долгоочекуваниот анимиран филм „Муфаса: Кралот лав“.
Третманот за рак на кралот Карл добро напредува и ќе продолжи и во иднина
Третманот за рак на британскиот крал Чарлс добро напредува и ќе продолжи следната година, изјави во петокот извор од Бакингемскиот дворец
Во Германија откриени штетни состојки во чоколадите Дубаи
Во примероците на таканаречената Дубаиски чоколади, увезени во Германија, пронајдени се многу штетни состојки, соопшти во четвртокот Министерството за потрошувачка на сојузната покраина Баден-Виртемберг