За разлика од Србија, која веќе испрати авиони за своите граѓани, македонските власти во моментов како најбезбедна опција ја разгледуваат репатријацијата преку копнен пат.

Се планира транспорт со автобуси од ОАЕ до Саудиска Арабија ( пат кој трае 13-15 часа) од кадешто граѓаните би се префрлиле на авионски летови од побезбедни аеродроми.

Саудиските власти веќе најавија подготвеност да издаваат хуманитарни визи на граница за оваа намена.Една од опциите кои се разгледуваат е можноста за евакуација преку копнената граница со Оман.

Според официјалните соопштенија од македонското МНР, во овој момент не постојат безбедни услови за директни евакуациски летови од аеродромите во Дубаи и Абу Даби за македонските авио-превозници или чартер летови, бидејќи воздушниот простор се смета за ризичен.

Над 400 македонски граѓани изразиле желба веднаш да бидат евакуирани. МНР соопшти дека е во постојан контакт со „пријателски земји и партнери“ за координирано извлекување.

 

Слични новости

Големи гужви на граничните премини кон Грција

Големи гужви на граничните премини кон Грција

Најголеми гужви се забележуваат на ГП Богородица, каде колоните возила се протегаат со километри, а чекањето трае со часови. Според информации од терен, меѓуграничниот простор е целосно исполнет, додека бројот на возила постојано расте.