Република Северна Македонија останува доследна на европските правила и на мерит системот врз кој се базира проширувањето.

Предлог-акцискиот план за заштита и унапредување на правата на припадниците на заедниците е изработен на македонски и на англиски јазик од домашни и меѓународни експерти, во блиска консутација со Советот на Европа и Европската комисија, соопшти македонското Министерство за надворешни работи.

Документот содржи касно дефинирани мерки, рокови и надлежни институции и е целосно усогласен со највисоките европски стандарди одговори македонското Министерство за надворешни работи во врска со обвинувањето на Софија дека Скопје отстапува од Европскиот консензус од 2022.

Загрижува фактот што наместо да биде поздравен како конструктивен чекор напред, документот е предмет на апстрактни и неосновани коментари од страна на Бугарија, што не придонесува за градење доверба и добра верба меѓу двете држави.

Наместо неаргументирани коментари, од нашиот сосед очекуваме европско однесување, меѓу другото и по однос на целосната почит и признавање на македонскиот јазик, соопшти МНР.

 

Слични новости

Макпетрол: Намалувањето на цената од страна на ОКТА не е доволно

Макпетрол: Намалувањето на цената од страна на ОКТА не е доволно

Од нафтената компанија „Макпетрол“ сметаат дека намалувањето на цените од 2,5 денари (со ДДВ) за литар на нафтените деривати од страна на ОКТА не е доволно и не го решава проблемот кој го налага моменталната ситуација.