Просечната цена на нафтата по барел во 2026 ќе биде околу 62 длари по барел, а слична цена се проектира и за 2027, се наведува во извештајот на Меѓународниот монетарен фонд.

Според извештајот, цените на нафтата ќе останат ниски, па дури може и да паѓаат поради бавниот раст на глобалната побарувачка и силниот пораст на понудата.

ММФ смета дека „меката ценовна бариера“ за нафтата ја обедбедуваат производителите со повисоки трошоци, стратегиските резерви на Кина и ставот на Опек плус да го спречува колапсот на цените.

ММФ очекува дека цените на гасот исто така ќе бидат стабилни и дека ќе има намалување на побарувачката за течниот природен гас на среден рок.

Слични новости

Историски рекорд: Илон Маск стана првиот човек со богатство преку 800 милијарди долари

Американскиот бизнисмен Илон Маск стана прв човек во историјата чие богатство надминува 800 милијарди долари откако неговата фирма Спејс Икс ја купи неговата компанија за вештачка интелигенција ХАИ.