Меѓународниот монетарен фонд благо ја зголеми прогнозата за растот на светската економија во 2026 година на 3,1 отсто, но предупреди дека растот ќе остане слаб, додека за влијанието на вештачката интелигенција врз пазарот на трудот оценката е дека ќе се шири како „бавно цунами“.

Генералната директорка на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева, предупреди дека брзиот развој на вештачката интелигенција и намалувањето на развојната помош може дополнително да го продлабочат јазот меѓу развиените земји и земјите во развој.

ММФ сега очекува цените на нафтата во текот на годинава да се зголемат за речиси 41 отсто, на просечно 96 долари за барел, што би ја зголемило глобалната инфлација на 4,7 отсто во 2026 година, од 4,1 отсто минатата година.

Слични новости

Ескалира трговската војна меѓу САД и Канада Трамп воведе забрани на увоз на моторцикли, алкохол и млечни производи од Канада и воведе нови царини

Ескалира трговската војна меѓу САД и Канада Трамп воведе забрани на увоз на моторцикли, алкохол и млечни производи од Канада и воведе нови царини

Забраните се објавени за помалку од 24 часа откако канада воведе високи царини на американска стока во вредност од 20 милијарди долари, што беше мерка која Канада ја презеде откако САД први воведоа царини на канадска стока во тој износ.