Светскиот економски раст по порастот од 3,5 насто во 20205, најпрвин ќе забави на 3,1 насто во 2026, а потоа ќе забрза на 3,4 насто во 2027, се наведува во денеска објавените Светски економски изгледи на Меѓународниот монетарен фонд.
ММФ благо ја зголеми прогнозата за растот за оваа година, додека проценката за 2027 ја задржа непроменета во однос на претходното ажурирање во јули. Во априлската прогноза ММФ најавуваше глобален економоски раст од 3,1 насто во 2026 и 3,2 во 2027-ма година.
Главниот аларм во октомврискиот извештај се однесува на јавниот долг. Аналитичарите на ММФ пресметуваат дека глобалниот јавен долг до крајот на годината ќе надмине 100 трилиони долари, што е речиси 93 отсто од светскиот бруто домашен производ.
Високите каматни стапки ја прават отплатата на овие задолжувања значително поскапа.
Слични новости
Европските берзански индекси во пораст по падот на цената на нафтата
Европските берзански индекси денеска главно се во пораст по падот на цената на нафтата Брент на 95 долари за барел, поради сигналите дека извозот на нафта од Блискиот исток се опоравува побрзо од тоа што се очекуваше.
Европа со нови проекции за работениот век-во Данска ќе се работи до 74 години
Организацијата за економска соработка и развој проценува дека границата за пензионирање дополнително ќе расте со зголемувањето на очекуваниот животен век, додека голем број земји веќе спроведуваат постепено покачување на прагот.
Американскиот пазар на трудот и инфлацијата во Европа во фокусот на инвеститорите оваа недела
Инвеститорите оваа недела ќе следат низа важни економски показатели во САД, Европа и Азија, а главниот фокус ќе биде на податоците за американскиот пазар на трудот и инфлацијата во Европа.


