Меѓународниот монетарен фонд објави дека светската економија е во клучна фаза, затоа што по неколку години трговските тензии нагло пораснаа, зголемувајќи ја економската неизвесност, нестабилноста на пазарите и ризиците во однос на стопанскиот раст и финансиската стабилност.

ММФ веќе предвидува успорување на краткорочниот раст, додека очекува да биде продолжен падот на стапката на општото ниво на цените поради проекциите за послаб раст и висок јавен долг.

Војните и судирите наметнуваат теѓок хуманитарен и економски данок, а трансформативните сили како што се дигитализацијата и вештачката интелигенција, но и демографските промени и климатските транзиции создаваат можности, но и предизвици, нагласува ММФ.  

Слични новости