Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во завршниот исказ на редовната мисија според член IV од договорот за членство, искажува поддршка за успешната политика на Народната банка во изминатиот период и справувањето со предизвиците во економското окружување.
Во најновата процена, ММФ ја нагласува важноста на оперативната и функционалната самостојност на Народната банка, истакнувајќи дека нејзината независност и кредибилитет се од особена важност за одржувањето на ценовната стабилност и стабилноста на денарот. Фондот заклучува дека солидниот раст на девизните резерви во 2024 година ја зајакна стабилноста на девизниот пазар, додека макро и микропрудентните мерки преземени од Народната банка придонесоа за натамошно јакнење на отпорноста на финансискиот систем.

Во актуелниот економски контекст, ММФ нагласува дека е важно Народната банка, како и досега, да продолжи со внимателното следење на движењата на инфлацијата и финансиските текови и да ги формулира политиките соодветно на тоа, заради одржување на макроекономската стабилност. ММФ потенцира на внимателност во однос на инфлациските ризици и нивното евентуално остварување, вклучително и на оние што произлегуваат од домашните фактори коишто влијаат на побарувачката, што може да наметне потреба од натамошни мерки.
ММФ заклучува дека финансискиот систем и натаму е стабилен и отпорен, при што банкарскиот сектор е добро капитализиран, ликвиден и профитабилен. Народната банка ќе продолжи со примената на макропрудентните мерки, заради одржување на стабилноста на финансискиот систем и заштита од потенцијалните ризици. ММФ ја поддржува оваа стратегија и ја нагласува нејзината важност во обезбедувањето долгорочна финансиска сигурност.
Слични новости
Благ пораст на доларот, нафтата поевтини
На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути благо се зголеми во претпладневото тргување во четвртокот
Волстрит благо порасна, инфлацијата благо се намали
На Волстрит, индексот S&P 500 порасна во средата, по два дена пад, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од ублажувањето на инфлацијата во САД, но тргувањето останува претпазливо бидејќи Вашингтон води тарифна војна на повеќе фронтови
Инфлацијата во САД забави во февруари
Инфлацијата во Сoединетите држави забавила во февруари, првпат по пет месеци, со забележителен пад на цените на бензините, покажаа податоците на Министерството за труд објавени во средата