ММФ и Светската банка, како и шефовите на Меѓународната агенција за енергија предупредија дека поради војната на Блискиот исток постои ризик за снабдување со гориво во текот на ова лето, доколку испораките на нафта низ Ормутскиот теснец не се вратат во нормала.

Глобалните економски институции соопштија дека американско-израелската војна против Иран ја поремети трговијата, ги потресе финансиските пазари и предизвикаа загриженост поради глобалните залихи на енергија, пренесе Ројтерс.

Светската економија остана отпорна, но последиците од конфликтот несразмерно повеќе ги погаѓаат сиромашните земји поради повисоки цени на горивата и ѓубривото и претставуваат ризик за губење на работните места.

Слични новости

Пазарите на криптовалутите во екстремен страв,биткоинот под 57 000 евра

Индексот на страв и лакомост за биткоин се наоѓа на нивото 8 во категоријата „екстремен страв“, уште полошо во однос на вчерашниот индекс 10, што сугерира дека сентиментот на пазарот на криптовалутите е исклучително лош.