Европа вешто преброди многу големи шокови, но долготрајната штета почнува да остава трагови, додека замавот на растот бледнее кон просечни среднорочни изгледи, објави ММФ.

Во извештајот за регионалните економски изгледи на ММФ и Светската банка се вели дека доаѓа до пресврт во поглед на ефектите од поттикнување на извозот, но царините се повеќе стануваат фактор, а пазарите на оврзници пресметуваат зголемени ризици поради континуираната неизвесност.

ММФ проценува дека намалување на каматните стапки и зголемената фискална потрошувачка, вклучувајќи ја и онаа во одбранбената индустрија, засега не успејаа да ја поттикнат приватната побарувачка, а јазот на продуктивност во однос на САД останува голем и се очекува тој и натаму да се продлабочува.

Слични новости

Нормализацијата на снабдувањето ги турна цените на нафтата под 62 долари

Нормализацијата на снабдувањето ги турна цените на нафтата под 62 долари

Цените на нафтата паднаа под 62 долари во вторникот на меѓународните пазари, со најави на Казахстан за свртување кон алтернативните првавци за испорачување во Кина и нормализација на снабдувањето од Ирак

Европската Унија покрена антимонополска истрага против Гугл

Европската Унија покрена антимонополска истрага против Гугл

Европската комисија денеска покрена антимонополска истрага против Гугл поради сомнение дека компанијата ги користи содржините на издавачи и креатори од Јутјуб за потребите за развој на вештачката интелигенција, без за тоа да им плати на авторите

Германскиот извоз падна во октомври

Германскиот извоз падна во октомври

Германскиот извоз падна во октомври, при што се намалија испораките во САД и Кина се намалија, покажаа податоците од статистичката служба објавени во вторникот