Мисијата на Меѓународен монетарен фонд оцени дека економијата на Македонија бележи солиден раст и намалување на инфлацијата, но предупреди на зголемени ризици во наредниот период.

Во 2025 растот достигна до 3,5 проценти, а инфлацијата се намали на 2,9 насто на почетокот на 2025, но поради растот на цените не енергенсите и глобалните неизвесности се очекува економскиот раст да забави на 3,1 насто во 2026, а инфлацијата повторно да порасне.

ММФ предупреди на ризици, особено поради можни продолжени геополитички тензии и послаб економски раст во Европската унија.

ММФ препорачува построга фискална дисциплина и продолжување на структурните реформи.

Слични новости

Зголемувањето на минималната плата на 600 евра ќе затвори многу дуќани, реагираат занаетчиите

Зголемувањето на минималната плата на бараните 600 евра ќе предизвика затворање на голем број на занаетчиски дуќани и отпуштање вработени, предупреди денеска Занаетчиската комора – Скопје.