Телохранителот на веројатно најдобриот фудбалер во светот, Лионел Меси, Јасин Чеуко, доби забрана да стои на самата линија на теренот за време на натпреварите, одлучи Major League Soccer (MLS), лигата во која настапува Интер Мајами, сегашниот клуб на Аргентинецот.
Чеуко ѝ стана познат на пошироката јавност откако на социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа како ја набљудува публиката од непосредна близина за да спречи навивачите да втрчаат на теренот кои би сакале да го гушнат осумкратниот освојувач на Златната топка

МЛС одлучи нивните безбедносни служби да бидат задолжени за одржување на редот за време на натпреварите, додека на Чеуко ќе му биде дозволен влез само во соблекувалните и зоните за тм микс-зони.
„Работев во Европа седум години за натпреварите во француската Лига 1 и Лигата на шампионите и за тоа време само шест луѓе го упаднаа на теренот. Откако дојдов во САД, за само 20 месеци тоа се случи 16 пати. Тоа е голем проблем, дозволете ми да му помогнам на Меси”, се пожали Чеуко кој е поранешен припадник на елитните морн арички специјлни сили SEAL.
Слични новости
Навивачите на Манчестер Сити и Челзи добија забрана за влез во САД за Светското клупско првенство
Околу 150 навивачи на Челзи и на Манчестер Сити на кои им беше забранет влез на стадионите нема да можат да патуваат во САД за време на Светското клупско првенство на кое нивните клубови се натпреваруваат летово, објави во средата британската влада
Салах сѐ поблиску до продолжување на кариерата во Саудиска Арабија
Египетската гол-машина Мохамед Салах, чиј договор со Ливерпул истекува на 30 јуни, би можел да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, објавија во средата британските медиуми
Чикаго обезбеди учество во плеј офот со победа врз Торонто, Голден стејт се проби на петтото место на западот
Во пресметка која има директно влијание за пласман во плеј офот Голден Стејт на гости го победија Мемфис со 134:125. Стефон Кари постигна 52 коша за Голден Стејт од кои дури 12 тројки