Легендарниот Аргентинец, 38-годишниот Лионел Меси, постигна два гола и имаше две асистенции предводејќи го Интер Мајами до победа од 4:0 над Нешвил во решавачкиот трет натпревар од четвртфиналето на плејофот во Источната конференција на МЛС лигата.

Меси ги постигна првите два гола на натпреварот во 10. и 39. минута, а во второто полувреме му асистираше на Аљенде за третиот и четвртиот погодок во 73. и 76. минута.

 

Со оваа победа, Интер Мајами обезбеди натпревар на гости против Синсинати, кој ќе се игра за две седмици.

Во второто полуфинале на Истокот ќе се сретнат Филаделфија Јунион и Њујорк Сити, првата полуфинална двојка на Западот ја сочинуваат Ванкувер Вајткепс и Лос Анџелес ФК, додека во вториот Минесота Јунајтед го чека подобриот од соочувањето меѓу Сан Диего – Портланд Тимберс, кои ќе го играат решавачкиот трет натпревар подоцна в недела.

Во полуфиналето и финалето на конференцијата и во финалето на МЛС се игра по еден натпревар.

globe

Слични новости