Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити потпиша четири ипол годишен договор со бразилскиот дефанзивец Витор Реис, играч на Палмеирас, објави во вторникот клубот од Премиер лигата.
Палмеирас не сакаше да се раздели со 19-годишниот играч, бидејќи се надеваа дека ќе го имаат на располагање за овогодинешното Светско клупско првенство. Сепак, Реис веднаш ќе замине во Сити.
„Витор Реис е еден од најперспективните млади дефанзивци во светот и ние сме среќни што успеавме да го донесеме овде“, изјави директорот за фудбал на Сити, Тксики Бегиристајн.
„Во неговото кратко време во сениорскиот фудбал во Бразил, тој покажа дека има способност да оди многу далеку во играта и знаеме дека работата со Пеп и нашите тренери ќе ни помогне да го извлечеме најдоброто од него“, рече Бегиристајн.
Како репрезентативец на Бразил до 17 години, Реис одигра 18 првенствени настапи за Палмеирас и се смета за клучна компонента на визијата на менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола за преобликување на тимот.
Слични новости
Австралија Опен: Киз и Швјонтек се соочуваат во полуфиналето
Познати се сите полуфиналистки на Австралија опен, Белорусинката Арина Сабаленка, која би можела да стане првата тенисерка со три последователни титули во Мелбурн по Мартина Хингис, и на Шпанката Паула Бадоси во средата им се придружија Американката Медисон Киз и Полјачката Ига Швјонтек
НБА: Доминација на Денвер над Филаделфија со четврти „трипл-дабл“ во низа на Јокиќ
Денвер Нагетс синоќа на домашен терен ја совладаа Филаделфија 76ерс со 144:109, а Никола Јокиќ го забележа четвртиот последователен „трипл-дабл“ со 27 поени, 13 скока и 10 асистенции
Преглед Лига на шампионите: Ливерпул единствен со сите победи
Фудбалерите на Ливерпул го задржаа стопроцентниот учинок оваа сезона од Лигата на шампионите и по седмото коло во кое на домашен терен го совладаа Лил со 2:1 (1:0)