Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска изјави дека Европа треба да ги зголеми трошоците за одбрана за да ја зголеми својата безбедност среде војните во Украина и на Блискиот исток. Мицотакис, како што пренесува Фајненшал тајмс, порачал дека Европа мора да преземе поголема одговорност за својата безбедност.

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта неодамна изјави дека 23-те земји членки на ЕУ кои се членки и на НАТО, најверојатно ќе се согласат да ги зголемат трошоците за одбрана над моменталната цел што е 2 насто од БДП-то, на Самитот на Алијансата во јуни, кога ќе биде определен процентот за издвојување за одбрана.

Американскиот претседател Доналд Трамп врши притисок на сојузниците во НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана на пет проценти од БДП-то.

Слични новости

Бугарско-турската граница заеднички ќе ја обезбедуваат четири држави

Бугарско-турската граница заеднички ќе ја обезбедуваат четири држави

Во Свиленград денеска ќе се одржи официјалната церемонија со која ќе започнат активностите на заедничкиот офицерски контингент од Бугарија, Австрија, Романија и Унгарија за чување на бугарско-турската граница, соопшти бугарското МВР