Владата ја поддржа кандидатурата на Радмила Шеќеринска за заменик генерален секретар на НАТО, откри денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кој на денешната прес-конференција одговараше на новинарски прашања. Забележа дека не е тајна дека во минатото и до денеска можеби имаат многу концептуални разлики кога станува збор за сегашноста, справувањето со реалните проблеми, политиките, идеолошки разлики, бидејќи доаѓаат од различки политички семејства.
-Како Влада имавме пред нас би рекол предизвик за одлука, а тоа беше кој и како да го поддржиме за заменик генерален секретар на НАТО, имајќи в предвид дека таму имаше кандидати од неколку земји и ние тука немавме никаква дилема. Зошто? Прво, затоа што повикуваме често пати на единство, повикуваме на дијалог со опозицијата и доколку повикувате, а тоа не го правите на дела, тогаш сте лицемерни. Така што ние како Влада не само што ја поддржавме кандидатурата на Радмила Шеќеринска, туку и активно разговаравме со нашите сојузници – рече Мицкоски.
Затоа ние како влада не само што ја поддржавме кандидатурата на Радмила Шекеринска, туку и активно разговаравме со нашите сојузници. За нас националното единство и интересите се пред партиските интереси и да се има Македонка за заменик генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната алијанса во историјата е навистина чест. И тука немавме дилема, и добро е што успешно се заврши“, рече Мицкоски.
Потоа тој соопшти дека уште вчера и се јавил по телефон на Шекеринска и разговарал, со порака дека нема дилема дека треба да соработуваат и заедно да направат се што можат да и помогнат на македонската армија, а со тоа и за безбедноста.
Премиерот посочи дека за Владата националното единство и националните интереси се пред и над партиските.
-Да се има Македонка во случајов заменик-генерален секретар на најмоќната и најдобро организираната воена алијанса во светската историја е навистина чест и тука ниту јас имав дилема, ниту ние како Влада, коишто бевме вклучени во овој процес дека треба да ја поддржиме кандидатурата и добро е што успешно се заврши – изјави Мицкоски.
Слични новости
Кешишев го смени исказот, Палевски не бил со нив кога се случиле убиствата
бвинетиот Влатко Кешишев доставил изјава преку затворот до судот, во која тврди дека првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо не бил со другите обвинети кога се случиле киднапирањата и убиствата, туку спиел во штабот на партијата Десна
Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се во паника и без визија
Прмиерот на Косово кажа дека во Македонија нема закон за албанскиот јазик, има Закон за јазиците. И јас го тврдам тоа, рече првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити одговарајќи на новинарско прашања во врска со реакцијата на ДУИ за изјавата на косовскиот премиер Албин Курти.
Андоновски: Дигиталната трансформација е технолошки двигател на посилна поврзаност и подобра иднина за Европа
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во рамки на седмиот Дигитален самит во Талин се обрати на сесијата Дигитални технологии и управување во Западен Балкан, која беше дел од панелот за Сајбер отпорност и партнeрство во земјите од Западен Балкан.