Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на 20-ти јануари во Вашингтон. Ваквата информација синоќа ја сподели министерот за транспорт и врски, Александар Николоски.
„Премиерот доби покана. Тоа е огромна и ретка работа, од регионот веројатно е единствениот што ќе присустува. Нешто што многу говори, покрај државата, и за него лично како е доживеан и како е ценет во најсилната држава во светот. Тоа е огромна чест и за нешто што сум убеден дека премиерот ќе го искористи во најдобро светло да ја претстави Македонија и да ги презентира македонските национални интереси што на крајот на денот, ќе значи бенефит за сите нас“, рече Николоски.
Претходно Мицкоски најави дека на 18-ти јануари заминува во посета на САД. Според него, за време на посетата на Вашингтон се предвидени многу средби и разговори и теми што сака, како што вели, да ги отвори и да ги затвори.
Најави дека ќе оствари средби со водечки луѓе од администрацијата на Вашингтон.
Официјалните претставници на САД прават планови на церемонијата на положување заклетва на 20 јануари да присуствуваат повеќе странски државници. Упатена е покана и до кинескиот претседател Си Џинпинг.
Американскиот претседател во заминување, Џозеф Бајден ќе присуствува на церемонијата на инаугурација на неговиот претходник и наследник, соопшти Белата куќа.
Слични новости
Собранието ја почна првата пленарна седница во 2025-та, на дневен ред се пет интерпелации
Во Собранието почна 29-тата седница, прва пленарна во оваа година, на која на дневен ред се четири интерпелации кои коалицијата „Европски фронт“ ги поднесе за работата на четворица членови на Владата – вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стоилковиќ, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и неговиот заменик, Астрит Исени
СДСМ бара од Али Ахмети да излезе од „националистичкиот филм“
. Според најголемата опозициска партија, реториката на Ахмети за постојаното подгревање на етнички тензии како алатка за политичко делување се неприфатливи и опасни за земјата
Во Берово најстудено, најтопло во Гевгелија
Најниска температура – 2 утрово е измерена во Берово, додека со 8 степени Целзиусови најтопло е во Гевгелија