Премиерот Христијан Мицкоски од денеска во наредните неколку дена ќе биде во работна посета на САД, каде ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во Вашингтон.

Како што соопшти владината прес-служба, премиерот на инаугурацијата ќе биде придружуван од министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски, вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков.

 

Делегацијата предводена од премиерот Мицкоски ќе присуствува и на свеченоста „Гласови на слободата“ која ќе се одржи по инаугурацијата организирана од компаниите „Трамп медиа“ и „Рамбл“.

„Очекувањата се дека за време на престојот Мицкоски ќе одржи повеќе билатерални средби, контакти и средби со повеќе луѓе од новата администрација на американскиот претседател. Исто така, Мицкоски ќе има средба и со бизнисмени со македонско потекло каде ќе стане збор за економска соработка и можни домашни инвестиции“, се вели во владиното соопштение.

Ова ќе биде втора инаугурација на Доналд Трамп, кој ќе биде 47. претседател на Соединетите Американски Држави. На инаугурацијата во Капитол се најавува присуство на бројни претседатели и премиери, но и први луѓе на светските организации. Првиот претседателски мандат на Трамп беше од 20 јануари 2017 до 20 јануари 2021 година.

globe

Слични новости

Поранешниот директор на СОЗР осомничен за проневера на над пет милиони денари

Поранешниот директор на СОЗР осомничен за проневера на над пет милиони денари

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против Пеце Мирчевски, поранешен директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата , за примање поткуп, фалсификување службена исправа, проневера и несовесно работење во службата

Мицкоски: Националната развојна стратегија 2024-2044 е визионерски документ за трансформација на Македонија

Мицкоски: Националната развојна стратегија 2024-2044 е визионерски документ за трансформација на Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на донаторска конференција од амбасадорите и од претставниците на донаторската заедница побара партнерства и заеднички проекти за реализација на целите од Националната развојна стратегија 2024-2044

Муртезани: Од бугарска страна стигнуваат пораки за подготвеност за дијалог  

Муртезани: Од бугарска страна стигнуваат пораки за подготвеност за дијалог  

Мислам дека се создава добра средина, која што мора да ја искористиме не само да воспоставиме дијалог, кој мора да го има помеѓу соседните земји за да се градат добрососедските односи, туку и простор што ќе не води кон заедничко прифатливо решение, кое конечно ќе не внесе во ЕУ, истакна Муртезани