Сѐ што е потребно за економски и социјален препород на Кочани, ние како Влада ќе го ставиме во нашите врвни приоритети и тоа ќе го направиме. Посакувам да се обединуваме за убави работи, а оваа трагедија нека биде за сите нас поука дека она што денеска го правиме ќе има свое значење во иднина. Би сакал тоа што ние денеска го правиме како Влада има позитивно и убаво значење за иднината на нашите граѓани и нашата Македонија, порача попладнево премиерот Христијан Мицкоски во вклучување на хуманитарното отворено студио на телевизијата Канал 5 за донирање на настраданите во Кочани.

Мицкоски нагласи дека Владата вложува надчовечки напори во спасувањето на повредените во трагедијата.
„Немам што повеќе да кажам од она што го кажав досега. Уште еднаш да изразам сочуство на семејствата кои што ги загубија своите животи во оваа трагична и ужасна несреќа во Кочани. Како Влада правиме сѐ што е во наша моќ, вложуваме надчовечки напори да спасиме живот повеќе од оние што се повредени. Се радувам дека дел од нив полека се испишуваат од болниците во Скопје, но се враќаат и од странство“, рече Мицкоски.
ТВ Канал 5 вечерва организира донаторска вечер со телефонски јавувања, на која учество земаа покрај премиерот Христијан Мицкоски, и претседателката Гордана Сиљановска Давкова, претседателот на Собранието Африм Гаши, министри, претставници на политички партии, луѓе од јавниот и општествениот живот.
Слични новости
Закрепнаа 93 пациенти од пожарот во Кочани, уште 100 се на лекување во земјава и во странство
Од вкупно 193 повредени во пожарот во Кочани, 93 пациенти закрепнаа и заминаа на домашно лекување. Во болниците во странство и кај нас се лекуваат уште 100 пациенти, а подобрена е состојбата на еден од четворицата пациенти кои се во критична состојба, информира утрово министерот за здравство Арбен Таравари.
Таравари: Oдносот со премиерот е сосема коректен
Министерот за здравство и еден од лидерите во коалицијата ВЛЕН Арбен таравари синоќа во интервју за „360 степени“ на МРТ искажа јавна критика за функционирањето на партиите на Албанците во Владата
Законски измени за забрана за употреба на пиротехнички средства во затворен простор
Забрана за употреба на пиротехнички средства во затворен простор и зголемување на глобите за физички и правни лица се предлага во измените и дополнувањата на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир кој е на дневен ред на денешната нова 42. собраниска седница.