Темата со мигранти е непостоечка. Ние неколкупати како власт одговоривме дека не се водени такви разговори и оти ниту на крај памет не ни паѓа такво нешто. Мислам дека е редно обвинителството да се позабави во вакво сеење паника и страв кај граѓаните. Вистината е дека минатата власт изработила национална стратегија за прифаќање мирганти 2017-2027 година. Таа барала од општините да обезбедат услови каде би се граделе тие мигрантски кампови. Таа е вистината, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Ние, додаде премиерот, континуирано одговараме, јас како најповикан – претседател на Влада, МВР, МНРиНТ и уште пред неколку дена кажавме дека не се водени такви разговори.

 

„Во ред, сега СДСМ одлучиле нивните пи-ар експерти и рекле сега оваа тема ќе ја тераме со недели, а во суштина тие се тие кои изработиле национална стратегија за прифаќање мирганти 2017-2027 и тие се тие кои барале од општините да обезбедат услови каде би се граделе тие мигрантски капови. Таа е вистината. Ние сега сакаме да ја натсинхронизираме таа вистина и да кажеме дека такво нешто на оваа Влада не и паќа на памет, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по пуштање во употреба на реконструирана полициска станица во Бутел, во врска со резолуцијата што денеска ја најавија од ВМРО-ДПМНЕ.

Истакна дека наскоро ќе дојде феверуари, па март, и ќе нема мигранти, потоа ќе дојде јуни и тогаш ќе нема мигранти и праша каков ќе биде одговорот на тоа од тие пи-ар експерти кои ги учат во СДСМ.

„Затоа велам мора тука и обвинителството да се позанимава со оваа тема затоа што во Кривичниот законик ова е еден вид насилство, создавање паника, немир кај граѓаните. Затоа што ако еднаш, двапати, трипати демантиратме и вие континуирано продолжите со оваа тема имате намера и тенденција да создадете несигурност паника и страв кај граѓаните и мора кривично да одговарате за тоа. Еве ќе дојде март нема да има мигранти прифатени као резултат на договор со Велика Британија или било каков друг договор. Ќе дојде и јуни ќе нема мигранти, ќе нема мигрантски кампови и тогаш под 100 илјади гласови ќе бидат од СДСМ и ќе станат маргинална партија, ако тоа им е целта нека продолжат“, рече Мицкоски.
оски.

globe

Слични новости

Најстудено утрово во Берово и Петровец

Најстудено утрово во Берово и Петровец

Најниска температура од -6 степени утрово е измерена во Скопје-Петровец и Берово, -5 во Битола и Демир Капија, -4 во Тетово, и Струмица, -3 во Прилеп, Штип и Кавадарци, -2 во Крива Паланка, Охрид, Куманово, Велес и Mаврови Анови